Општина Кисела вода демантира дека Ѓеорѓиевски барал зголемување на платата на 90.000 денари

Советот на Општина Кисела Вода, на 26. 12. 2022г., донесе одлука за извршување на Буџетот на Општина Кисела Вода за 2023 година и истата е доставена до Министерството за финансии, од каде единствената забелешка е дека текстот во една реченица треба да се замени со формулација која ја користи актуелното Министерство за финансии. Да се скрати текстот, бидејќи било предетално објаснето, се вели во реакцијата на општина Кисела вода за наводното покачување на платата на Ѓеорѓиевски на 90.000 денари.

Според нив, во текстот за кој се бара промена и што Општината треба да го спроведе, воопшто не се работи за корекција ниту на коефициент, ни на основицата по која се пресметува платата. Платата е определена со член 17-в од Законот за плата на функционерите и други избрани и именувани лица во Републиката.

„Познавачите на финансиските закони и нивното спроведување, новинарите кои се занимаваат со економија, знаат дека платата на градоначалникот е утврдена со овој Закон за исплата на плата на функционери и именувани лица и знаат како таа се пресметува. Основицата е законски утврдена, а коефициентот со кој се множи основицата, се пресметува според бројот на жители. Ниту се работи за какво било зголемување на платата на Градоначалникот, што многу лесно може да се разбере за тој што го познава законот“, порачуваат од Општината.

 

 

Back to top button
Close