Општина Крива Паланка утре на протест заради некотролираното движење на кравите

Општина Крива Паланка и претставниците на 16 месни заедници ја информираат јавноста дека утре, 26 февруари 2026 година, ќе се одржи мирен протест организиран од граѓани, поради неконтролираното движење на говеда и штетите врз имот и земјоделски
површини.

Општината потсетува дека надлежните институции веќе донесоа правосилни решенија и задолжителни мерки за регулирање на оваа состојба. Непочитувањето на овие решенија го загрозува јавниот ред, безбедноста и имотните права на граѓаните.

Сите учесници се повикуваат на одговорно и мирно однесување, додека Општина Крива Паланка и претставниците на 16 месни заедници активно ги следат настаните и ќе преземат сите мерки во рамки на своите надлежности за заштита на јавниот интерес.

Back to top button
Close