Општина Липково ќе гради спомен кула од 200.000 евра во чест на ОНА

Речиси 200.000 евра општина Липково ќе потроши за изградба на спомен кула во Слупчане, во чест на ОНА.

Договорот за изградба бил склучен минатиот месец, а вчера беше објавен на сајтот на Бирото за јавни набавки. Спомен кулата ќе ја гради фирмата „Хоџа инженеринг“ од Куманово, која има рок изградбата да ја заврши за шест месеци, односно до 25 ноември. Договорот, со вклучено ДДВ е склучен на сума од 12.115.109 милиони денари, или приближно 200.000 евра, пренесе Фокус.

повеќе

Back to top button
Close