Општина Ѓорче Петров забрани сушење на алишта во дворови со поглед кон улица

Советот на Општина Ѓорче Петров усвоил измени во Одлуката за комунален ред, со кои се забранува сушењето алишта во дворовите во општината кои имаат поглед кон улица или кон плоштад.

„Да почнеме од поблагите мерки, со цел доследно спроведување на прописите. За да не стигнеме до казни. Превенција пред репресија“, напиша градоначалникот Александар Наумовски на фејсбук, во однос на оваа одлука.

Исто така, се забранува движење, запирање или паркирање на возила на зелена површина, оставање на нерегистрирани хаварисани возила, движење на запрежни возила, како и оставање на приколки, чамци и слично.

Back to top button
Close