Општина Тетово ја обвини ДУИ дека во договор со СДСМ и ВМРО земјиштето е дадено на црквата

Општина Тетово испрати соопштение до јавноста со уверение од катастарот за „историски преглед на извршени запишувања на катастарска парцела број 1/102 КО Лисец-вонград “ за кое посочува дека е начинот на кој црквата на Попова Шапка го добила земјиштето во свое владение.

Во соопштението се опишуваат повеќе процедури за префрлување на овој имот на име на Македонската православна црква-Охридска архиепископија (МПЦ-ОА). Ова соопштение следува откако минатата недела поставувањето на 15 метарски крст во рамки на црковниот имот беше повод за реакции на повеќе политички партии.

„Историјата на изградбата на крстот започнала во 90-тите години, кога земјиштето кое е сопственост на црквата било пасиште дадено на користење на Претпријатието за стопанисување со пасиштата, но својот врв го достигнува кога ДУИ доаѓа на власт. Историјата започнува од 2004 година. Во оваа година формирана е парцела од 10.887 м2 која му е дадена на Манастирскиот комплекс. Потоа, во 2009 година, имотот е префрлен директно на Православната црква со седиште во Скопје. Овие постапки се одвивале далеку од мислењето и очите на граѓаните на Тетово. Замислете, во 2018 година решението било запишано во Катастар, а било однапред донесено на 18.06.2012 година од страна на единицата за имотно правни работи, која е во состав на Министерството за финансии во Тетово, што резултирало со приватизација на земјиштето од 10.889. м2 и два објекта: црквата и камбанаријата. Со ова Црквата станува сопственик на земјиштето и на двата објекта. И покрај тоа што земјиштето е приватизирано, тука ништо не е завршено, на 19 мај 2021 година, односно пред да се одржат избори и ДУИ и Теута Арифи да доживеат дебакл во Тетово, направено е и пренасочување на целото земјиште во катастарот, од земјиште за пасишта се трансформира во градежно земјиште“, се вели во соопштениeто на Општина Тетово.

Back to top button
Close