ОПТИМИЗАМ НА МАРГИНИТЕ

Ние, што останавме тука, треба да живееме. А не да се надеваме.

Боже, боже, каков оптимизам ни шири премиерот Христијан Мицкоски откако се сретнал со францускиот претседател Емануел Макрон, на маргините на Самитот на Европската политичка заедница во Будимпешта. Истиот Макрон што прво нѐ зафркна, па по промената на името на државата согласно Преспанскиот договор, наместо да испорача тоа што го вети, почеток на преговори со ЕУ, измисли некаква нова методологија за пристапување кон ЕУ во 2019 и го отвори патот за бугарското вето. Па после, дополнително нѐ дотепа со францускиот предлог од 2022 за внесување на Бугарите во Уставот, ама не како услов за влез во ЕУ, туку само за почеток на преговори. Не умри магаре до зелена трева. Ко што би рекол Мицкоски, најоптимистички досега: „Ќе продолжиме да се бориме за Македонија и во неделите, месеците, годините коишто следат“.

Што е оптимистичкото? Самата средба со Макрон? Средба на маргините. Оптимизам на маргините.

А што ти останува друго, освен да шириш оптимизам, кога си на маргините на главниот настан.

Нејсе. Европските бирократи ќе продолжат да ја рецитираат научената стихотворба за проширувањето на ЕУ, што тука веќе станува премногу досадна за слушање. Една од нив е и идната еврокомесарка за проширување, Словенката Марта Кос, која во Европскиот парламент повтори „очекуваме земјата-кандидатка Северна Македонија да го промени Уставот“. И потсети дека „кога зборувам за билатерализација на можни спорови меѓу земји-членки и земји-кандидатки, интересот на земјите-членки секако дека доаѓа прв“. Значи, Европската унија секогаш ќе биде на страната на членките, а не на страната на правичноста. Тури им пепел на Копенхашките критериуми.

А утредента, откако Мицкоски изјави дека „со секоја средба сѐ повеќе и повеќе се бориме за нашите аргументи и за вистината онаква каква што е“, Елисејската палата испрати соопштение од средбата со Макрон дека Франција ќе го поддржи евроинтегративниот пат на Северна Македонија „во согласност со нејзините меѓународни обврски“.

И сега, што правиме? Еве, претходната Влада згреши. Презела обврска што македонските граѓани не можат да ја исполнат. И – што правиме сега?

Толку ли е тешко Мицкоски и Венко Филипче да дефинираат за што можат да се согласат, па заедно да понудат решение?

Прво: Што ни е главен државен интерес? Да влеземе во ЕУ. Согласни сме за тоа? Да. Одиме понатаму.

Целатаколумна на Горан Михајловски на сдк мк

Back to top button
Close