Ѓорѓиевски: 35 дена врвна јапонска специјализација која поместува граници, нова визија за развој
Секое патување е приказна за себе. Секоја дестинација отвара нови видици, не само она што очите ќе го видат, ами и дожувањето и новото што ќе се научи и ќе не промени, на подобро.
За едно такво патување, за еден студиски престој кој менува од корен, кој отвара нови видици и сознанија, разговараме со Горан Ѓорѓиевски, сопственик на познатата компанија „Специјал“ , претстедател на Агробиснис комората и потпреседател на Сојуз на стопански комори на Македонија.
Ѓорѓиевски имаше чест 35 дена да престојува во Јапонија, на покана на Јапонската агенција за меѓународна соработка (JICA) каде учествуваше на студиската програма „Стратегии за одржлив систем на храна за развој на локалната индустрија“. Станува збор за престижен настан на кој учествуваат одбрани претставници од целиот свет, што е вредна можност за нашата земја за размена на знаења и искуства.
За ова искуство Ѓорѓиевски вели дека поместува граници и ја менува визијата и лично и професионално.
АГРОТИМ: Г-дин Ѓорѓиевски, имавте привилегија да бидете дел од една одбрана група на професионалци во своите области од цел свет кои учествуваа на студиската програма „Стратегии за одржлив систем на храна за развој на локалната индустрија“ во Јапонија. Кажете ни нешто повеќе како дојде до оваа можносност и што претставува за вас ова искуство?
ЃОРЃИЕВСКИ: 35 дена во една култура дијаметрално различна од нашата, но ќе бидам транспарентен и искрен до крај, култура која е фасцинантна и од која учи целиот свет. Првата недела можеби беше потешка за прилагодување, одалечен од семејството и децата но понатаму влегов силно во процесите и системот кон кој се сремиме и мислам дека квалитетно и достоинствено одговорив на сите поставени задачи.
Учествуваме 8 луѓе од различни делови на светот каде само јас бев од Македонија. Би потенцирал дека се работи за силно лично надоградување во еден беспрекорен јапонски амбиент за период од 35 дена. Јас воедно бев претставник на Сојуз на стопански комори како потпретседател и претставник на државата што претставуваше причина повеќе достоинствено да ја претставам нашата земја.
АГРОТИМ:Кажете ни нешто повеќе за местото каде се одржуваше обуката, дали очекувавте дека ќе биде толку инспиративно, од самата локација на одржување па до начинот на кој домаќините ја водеа обуката?
ЃОРЃИЕВСКИ: Обуката се одржуваше на островот HOKKAIDO кој всушност е северниот остров на Јапонија, со големина пет пати поголем од Македонија, со клима слична на нашата земја, континентална, островот е зелен, богат со вода и шуми и живописни планински пејсажи.
Бевме сместени во JICA центарот во Обихиро кој всушност е одлично уреден обучен центар кој се наоѓа надвор од градот Обихиро и е сместен во една шума.
Веднаш по пристигнувањето и сместувањето почнавме да работиме во типичен јапонски стил – дисциплинирано, посветено, ориентирано на резултати и успех. Се работеше на принцип на предавање од универзитетски тип со многу посети на фабрики за производство на храна (Dairy,Agri ,Bakery,Confectionery,Meat,Wine,Organic,Natural). Предавањата започнуваа во 09 часот и траеа до 17 часот, а по завршувањето секогаш имавме домашни задачи кои во принцип се состоеја од анализи и рефлексии од денот, што е она што сме научиле. Значи се работеше 10 – 12 часа на ден што е сосем нормално за јапонски услови.
Особено би го потенцирал начинот на предавањата во насока на интерактивен пристап со потенцирање на нашето размислување, резонирање, нови идеи. Самото учење е моделирано со многу цртежи и слики со многу визуелни елементи и во прв план се истакнува проактивноста и систематското размислување на поединци. Тука би посочил и една исклучителна работа во пристапот – денот го гледаат како една целина која треба да се затвори секогаш со некоја успешна задача. Или да не помине ден без да завршите некоја активноста која би значела некоја еволутивност, раст од било кој аспект во животот.
АГРОТИМ: Зелената транзиција е тема која допрва ќе добива на значење. Ова го посочува и Европската Комисија, таа е дел и од нашата обврска на прилагодување со Заедничката земјоделска политика на ЕУ. Со искуството од Јапонија можеби сте чекор пред сите и можете да помогнете во градењето стратегија за јакнење на нашата прехрамбена индустрија
ЃОРЃИЕВСКИ: Студиската програма опфати суштински области како одржливо земјоделство, зелена инфраструктура, социјално претприемништво, системско размислување, одржлив маркетинг, како и специјализирани области, како одржливо производство на млеко и управување со проекти.
Зелената транзиција вистина е една од најважните теми која ја обработувавме и во Јапонија. Во однос на креирањето на стратегии за Зелена транзиција би истакнал дека работевме, не учеа многу на креирање на состојба каде економскиот профит треба да се генерира преку решавање на социјалните и проблемите на животната средина. Тоа постојано се потенцираше дека профитот секогаш треба да се креира преку потенцирање на значењето на социјалниот елемнет и елементот на животната средина. Во Јапонија веќе функционира во голема мерка органското и природното производство каде се добиваат производи без употреба на вештачки ѓубрива и пестициди и самата исхрана на луѓето е насочена кон овие производи, на квалитетна храна не треба никогаш да се штеди, тоа е инвестиција во здравје. Тука особено би истакнал една јапонска синтагма WASTE IS A TREASURE каде во директен превод би значело ОТПАДОТ Е БОГАТСВО, што всушност ја отсликува целата нивна филозофија на животот, односно кај нив се обрнува екстремно внимание на 3R (REDUCE,REUCE,RECYCLE).
АГРОТИМ.Имате ли идеја како ова искуство, стекнатото знаење ќе ги примените на наша територија. Или поточно, како можете на државата, стопанството или земјоделското производство да му помогнете и да го примените искуството од Јапонија. Не е претенциозно ако кажеме дека ваков сертификат имаат добиено мал број на луѓе во цел свет кои во своите држави ги рангира на повисоко ниво од професиналците во оваа област.
ЃОРЃИЕВСКИ: Овој престижен програм дава практични и напредни практики коишто можат да ја зајакнат македонската прехрамбена индустрија, но исто така да придонесат кон долгорочна одржливост и иновација. Значењето и искуството донесено од Јапонија светски економски и технолошки лидер, се од големо значење за нашата земја, согласно нашите напори за градење на позелена и одржлива економија.
Визијата е таа која треба прецизно да ја дефинираме и врз основа на неа потоа се креира стратегијата и конкретните активности кои ќе не донесат до конкретната цел – Современо агропроизводство базирано на успех и плод, а за што ќе требаат силни реформи, трансфер на знања, иновации, претприемништво, инвестиции во производство, субвенции базирани на конкретно производство.
Согласно комуникацијата и напатствијата од јапонските државни органи имам обврска да го презентирам пред нашите официјални органи акцискиот план и PDM сегментот со кој финално го добив и JICA сертификатот за конкретнава тема кој е исклучително почитуван во светот. Сериозно мислам дека ова беше врвна специјализација каде вистина далеку ми се поместија границите во однос на визијата, стратегијата, активностите и практично иднината на нашиот агро сегмент.