Ѓорѓиевски: До ВМРО-ДПМНЕ нема барање за вонреден конгрес, ако стигне, ќе го разгледаме
„Видете, ние сме сериозна политичка партија и во нашата политичка партија има сериозни тела и органи коишто одлучуваат по сите овие прашања коишто вие ги споменавте сега ние не исполнуваме нечии желби и не сме тука за да задоволуваме нечии детски сништа и апетити коишто не им биле задоволени во изминатиот период. Ќе повторам и ќе потенцирам, во нашата партија има партиски органи коишто одлучуваат за секакви процеси во иднина. До нас како политичка партија нема стигнато никакво барање од тој таканаречен, самонаречен Иницијативен одбор или како и да е. Доколку пристигне некаков тип барање до нас истото ќе биде разгледано нормално во рамките на партијата и партиските органи итн. Подоцна ќе се одлучи по основ на тоа барање и ќе им биде одговорено на истите“,рече Ѓорѓиевски.
Понатаму, својот одговор тој го насочи кон тоа дека на ВМРО-ДПМНЕ приоритет и во изминатиот и во наредниот период е борбата против криминалот во земјава на чело со Зоран Заев.
„Наш приоритет ќе остане заштита на нашиот народ, заштита на интересите на македонскиот народ и понатаму како што ни беше и во минатото, и сериозна борба против организираниот криминал, корупцијата односно борба против Зоран Заев“,рече Ѓорѓиевски.