Ѓорѓиевски добил 2 прекршочни налози од ДКСК за непријавување на имотна состојба

Претседателот на Антикорупциската комисија, Адем Чучуљ, изјави дека во последен период работата на ДКСК се користи во дневнополитички цели и, според него, последните информации се во насока на дефокусирање на јавноста од енергија на нивното постапување.
Чучуљ на Телма рече дека судијата Ѓоко Ристов има поднесено анкетен лист, но не бил предмет на проверка. Што се однесува до скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски, додаде дека се уште нема поднесено анкетен лист.
-Пуштени му се и двата прекршочни налози и за Кисела Вода и за Град Скопје и уште е во фаза за постапка за порамнување – рече Чучуљ.






