Ѓорѓиевски: Досега немало разлика од 60.000 гласови меѓу противкандидати на локални избори во Градот Скопје

Кандидатот за градоначалник на Скопје на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Орце Ѓорѓиевски вечерва изјави дека поради слабата излезност на првиот круг од локалните избори не победил и оти верува дека во недела на 2 ноември, кога ќе се одржи, вториот круг од изборите граѓаните ќе излезат во поголем број и оти ќе победи.

Ѓорѓиевски истакна дека досега немало разлика од 60.000 гласови меѓу противкандидатите на локални избори во Градот Скопје, како што е разликата помеѓу него и Амар Мециновиќ од Левица.

При претставувањето на кандидатите за градоначалник на Скопје во дебатата на Канал 5, Ѓорѓиевски истакна дека е политиколог и доаѓа од приватниот сектор, како и дека е горд што е член на ВМРО-ДПМНЕ. Мециновиќ, пак, кажа дека студирал на Политички студии, но дека нема дипломирано, дека работел различни работи, меѓу другото, и како фриленсер и дека се гордее со тоа.

Ѓорѓиевски во дебатата го праша Мециновиќ, кој е пратеник од Левица, дали ќе поднесе оставка по поразот во понеделник, рече дека за тоа треба да го прашаат тогаш и оти во понеделник можеби ќе биде победник.

Back to top button
Close