Ѓорѓиевски: Имав средба со Финансиска полиција, барам одговорност за злоупотребите во градските претпријатија
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски изјави дека веќе имал состанок со претставници на Финансиската полиција, откако државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски вчера побара од него да пријави доколку располага со докази за злоупотреби во градските јавни претпријатија.

Тој дека не може да открива детали во интерес на истрагата, но нагласи дека стои зад сите информации што досега ги обелодени во јавноста.
Потсети дека од списоците на вработени биле избришани околу 500 лица кои земале плата без да доаѓаат на работа.
„Станува збор за луѓе кои не биле ангажирани на реални работни задачи, туку им било дозволено да ја злоупотребуваат институцијата. Градот се доведе во ситуација да губи по пет милиони евра годишно, што за четири години изнесува околу 20 милиони евра – колку што чини новиот Луна Парк, кој го чекаат генерации скопјани“, рече Ѓорѓиевски.
Посочи дека на средбите со надлежните побарал не само индивидуална, туку и командна одговорност – односно, освен лицата кои земале плата без работа, да одговараат и оние кои ги потпишувале нивните исплати и директорите што го одобрувале таквото постапување






