Ѓорѓиевски објасни зошто ја откажал дебатата на „Телма“

Кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓоргиевски, преку порака на социјалните мрежи порача дека нема да се појави на дебатата со противкандидатот од Левица, Амар Мециновиќ, договорена за вечерва на ТВ „Телма“.
Во објавата Ѓорѓиевски наведува дека вечерvа во тој термин ќе биде на завршниот митинг од неговата кампања во Скопје.
Тој смета дека по претходната дебата меѓу него и Мециновиќ што се одржа во вторникот на „Канал 5“ „станале јасни ставовите и јасна е сликата за двајцата кандидати“.
„Евидентно е ниското ниво на политичка култура, но и присутната безидејност и недостигот на планови кај кандидатот Амар Мециновиќ, што значи дека секоја следна дебата не би била натпревар и судир на концепти, туку судир меѓу концепт за Скопје, претставуван од мене и ВМРО-ДПМНЕ и демагогија, празна реторика и отсуство на план што се карактеристики на Амар Мециновиќ“, напиша Ѓоргиевски.






