Ѓорѓиевски води во Скопје, ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром, Ѓорче Петров и Кисела Вода, СДСМ во Центар, ВРЕДИ во Чаир
Според првичните резултати објавени досега од Државната изборна комисија (ДИК), кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, води со освоени 41,04% од гласовите. Зад него се Башким Бакиу од ВРЕДИ со 17,05% и Скендер Реџепи од НАИ со 15,56%. Следуваат Амар Мециновиќ од Левица со 10,47% и Каја Шукова од СДСМ со 9,42%. Кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ, исто така, бележат водство и во повеќето скопски општини.
Во општина Аеродром, кандидатот Дејан Митевски од ВМРО-ДПМНЕ води со освоени 56,81 проценти од гласовите, пред кандидатот на СДСМ, Александар Трајановски, кој има 18,27 проценти.
Во Гази Баба, водство има Бобан Стефковски од ВМРО-ДПМНЕ со 50,97 проценти, додека Влатко Митовски има поддршка од 24,20 проценти.жВо Ѓорче Петров, кандидатот Александар Стојковски од ВМРО-ДПМНЕ води со 58,06 проценти, а неговиот противкандидат од СДСМ, Костадин Ацевски, има 19,22 проценти.
Во Кисела Вода, Бети Стаменковска Трајковска од ВМРО-ДПМНЕ има поддршка од 58,59 проценти, пред Јане Ацевски од Левица кој има 16,71 процент.
Во Сарај, води Блерант Рамадани од НАИ со 49,66 проценти, додека Мухамет Елмази од ВРЕДИ има 48,63 проценти.
Во Центар, водство има Горан Герасимовски од СДСМ со 38,58 проценти, пред Мирослав Лабудовиќ од ЗНАМ кој има 25 проценти.
Во Чаир, Изет Меџити од ВРЕДИ има поддршка од 55,61 проценти, додека Бујар Османи од НАИ има 36,86 проценти.
Во Бутел, води Исамедин Азизи од НАИ со 55,45 проценти, пред Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ кој има 23,02 проценти.
Во Карпош, Сотир Лукровски од ВМРО-ДПМНЕ води со 38,61 проценти, додека Стевчо Јакимовски од ГРОМ има 24,09 проценти.