Орада во бело вино

Орада во бело вино е едноставно, медитеранско јадење со свеж и префинет вкус. Комбинацијата од сочна риба, ароматична мајчина душица, лимета и бело вино создава лесен, но богат оброк, идеален за семеен ручек или свечена трпеза.

Потребни состојки:

околу 1,8 кг орада (или друга морска риба)

1 главица кромид

3 лажици презла

3 лимони

2 дл бело вино

4–5 гранчиња мајчина душица

сол и бибер по вкус

маслиново масло

 

Начин на подготовка:

Исчистената, измиена и исушена риба посолете ја одвнатре и однадвор, па ставете ја во тава за печење врз листовите лимон. Кромидот исечкајте го на помали парчиња и изблендирајте го со 3 лажици маслиново масло, мајчина душица и презлата. Додадете сол и бибер по вкус. Два лимони излупете ги, исечете ги на коцки и додајте ги во смесата а, третиот исечете го на листови. Половина од подготвената смеса одвојте ја, а со другата половина наполнете ја рибата. Во преостанатата смеса додајте го белото вино и уште 3 лажици маслиново масло, промешајте и прелијте ја рибата. Печете во загреана рерна на 180°C околу 35–45 минути, односно додека рибата добие златна боја и омекне.

Послужете топло, со свежа салата или варен компир како прилог

Back to top button
Close