Орбан го објави писмото од Трамп: Многу сум лут!

Унгарскиот премиер Виктор Орбан објави одговор од американскиот претседател Доналд Трамп на неговото писмо во кое предупредува за последиците од украинскиот напад врз нафтоводот Дружба. Во писмото, Трамп вели дека е „многу лут“ поради инцидентот.

EPA-EFE/JIM LO SCALZO

„Виктор, не сум среќен што го слушам ова, многу сум лут поради тоа. Кажи ѝ го тоа и на Словачка. Ти си мој голем пријател. Доналд“, се вели во писмото што Орбан го објави на социјалните мрежи. Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, претходно изјави дека испораките на нафта во Унгарија се прекинати по трет пат поради украинскиот напад со беспилотно летало врз нафтоводот. Во писмото до американскиот претседател, Орбан нагласи дека нападите на Киев врз нафтоводот Дружба ги загрозуваат клучните енергетски текови за Унгарија и Словачка

Back to top button
Close