Орбан го осуди рускиот напад на Украина

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска го осуди рускиот воен напад на Украина.
-Со нашите сојузници од ЕУ и НАТО, го осудуваме рускиот воен напад, рече Орбан по состанокот на советот за безбедност, додавајќи дека „Унгарија ќе остане на маргините на воениот конфликт, бидејќи безбедноста на Унгарците е најважна“.

Тој додаде дека Унгарија ќе обезбеди хуманитарна помош за Украина и дека е подготвена да ги прими луѓето кои бегаат од Украина.

Back to top button
Close