Орбан навреден од конгресот во Валенсија: „Мрачен ден за Европа, каква срамота
Унгарскиот премиер Виктор Орбан го коментираше собирот на функционерите на Европската народна партија (ЕПП) на Конгресот во Валенсија и рече дека тоа е мрачен ден за Европа.

Во коментар на социјалната мрежа X, Орбан рече дека на конгресот се донесени срамни одлуки.
„Вчера беше мрачен ден за Европа. Конгресот на ЕПП одлучи да го поддржи продолжувањето на војната во Украина. Тие сакаат да испратат повеќе пари во Украина, додека европската економија страда. Каква срамота“, рече Орбан.
Патем, на годишниот конгрес на најголемата европска партија беше потврдено дека германскиот политичар Манфред Вебер повторно ќе ја држи функцијата претседател на ЕПП.
На конгресот зборуваше и претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола, која рече дека за Украина нема да се дискутира без Украина, а слични пораки испрати и Урсула фон дер Лајен.
„Екстремната десница и екстремната левица не се за мир, тие се симпатизери на Путин. Нашата порака до Украина е јасна. Вашата слобода е наша слобода, вашата безбедност е наша безбедност. Вашата иднина е во нашaта Унија“, рече таа.