Орбан: Не би сакале со прием на Украина во ЕУ да донесеме војна

Проблем со пристапувањето на Украина во Европската Унија е војната, бидејќи доколку би ја вовеле земјата во ЕУ, со тоа во неа би ја вовеле и војната, изјави денеска во Брисел унгарскиот премиер Виктор Орбан при пристигнувањето на Самитот на блокот.

– Не би сакале да бидеме заедно во една заедница со земја што е во војна и претставува непосредна опасност за нас. Ако членка на Европската Унија е во војна, тоа би значело дека и Европската Унија е во војна, а не го сакаме тоа, истакна Орбан.

Запрашан дали неговиот став кон пристапувањето на Украина во ЕУ ќе се промени доколку биде прогласен прекин на огнот, Орбан одговори: Да, но нема прекин на огнот.

На прашањето дали очекува наскоро да биде постигнат трговски договор меѓу ЕУ и САД, Орбан изрази резерви кон капацитетите на европските преговарач.

– Проблемот е што од страна на САД за склучување на договорот имаме јак преговарач, а од наша страна, ЕУ е многу слаба, рече Орбан.

Back to top button
Close