Орбан се нуди како посредник додека унгарскиот амбасадор гласал да се раздвојат Албанија и Македонија, вели СДСМ

„Со големо чудење и разочараност СДСМ ја прими информацијата на унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој се нуди како посредник во односите меѓу Македонија и Бугарија. Додека тој од Охрид порачува едно, во реалноста прави сосем друго. Унгарскиот амбасадор во ЕУ гласал за раздвојување на Македонија и Албанија на патот кон ЕУ што е практично може да значи и крај за шансите на државата да продолжи кон унијата“, вели СДСМ и додава:

Ако Орбан и Мицкоски се стратешки партнери а пријателството меѓу две земји е вистинско, тогаш требаше да го спречи раздвојувањето и да понуди решение. Унгарија требаше да го искористи својот авторитет како земја претседавач да најде решение наместо во рамки на нивното претседателство да се случи раздвојувањето.

Back to top button
Close