Орбан: Трамп го преврте светот наопаку за 14 дена, ЕУ ја чекаат тешки месеци
Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави денеска дека американскиот претседател Доналд Трамп веќе го „превртел светот наопаку“, пренесува Anadolu.
Орбан смета дека претстојат тешки месеци за Европа бидејќи повеќето бирократи во Брисел мислат дека можат да побегнат од претстојното „торнадо на Трамп“.
„Вчера го одржавме првиот самит на ЕУ во Брисел по инаугурацијата на претседателот Трамп. Тоа беше чуден собир. Секој во Брисел може да го види како доаѓа торнадото на Трамп, но повеќето сè уште мислат дека можат да го надминат. Нема“, изјави Орбан на социјалната мрежа X.
Посочувајќи дека за две недели Трамп воведе неколку мерки кои „го свртеа светот наопаку“, Орбан рече дека овие мерки ставија крај на „родовото лудило“ во Америка, ставија крај на финансирањето на „глобалистичките организации на Сорос, ставија крај на илегалната миграција и ставија крај на поддршката за руско-украинската војна“.
„Со други зборови, сè што бирократите во Брисел се обидоа да ни го натераат во грлото во последните години е завршено. Но, има уште нешто. Можеме да се збогуваме со правилата на светската трговија какви што ги знаеме. Претседателот Трамп ќе се залага за американските интереси, дури и против Европа. Тешки месеци стојат пред Европската унија, а бирократите во Брисел ќе имаат тешко време“, рече Орбан.
Нагласувајќи ја неопходноста од договор за зачувување на економските односи со САД, Орбан рече дека добра работа можат да направат лидери кои меѓусебно се познаваат и почитуваат.
„Знаевме дека претседателот Трамп ќе се врати, па бевме подготвени. Постојано преговараме и ќе направиме добар договор со новата администрација на Соединетите Американски Држави“, вели Орбан