Орбан: Унгарија ќе се бори Трамп да ја изземе од санкциите за руската нафта

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека Унгарија ќе се бори американскиот претседател Доналд Трамп да ја изземе од санкциите за руската нафта.
– Играме за да победиме, одговори Орбан на новинарско прашање за време на летот кон Вашингтон што би се случило доколку Трамп не ѝ одобри на Унгарија изземање од санкциите за руската нафта.
Орбан го нарече прашањето за енергенсите „сериозно“, истакнувајќи дека влоговите се високи, пренесе агенцијата МТИ.






