Орбан: Уште поголема историска грешка прави Брисел што сега Македонија ја става позади Албанија на патот кон ЕУ

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан од Охрид денеска кажа дека со премиерот Христијан Мицкоски зборувале за европската интеграција на државата. Тој кажа дека ЕУ направила веќе еднаш историска грешка со Македонија, а сега таа е двојно поголема по одлуката да ја оддели од Албанија.

Во оваа државата доаѓам во најдобар момент, во година кога имаме 30 години дипломатски односи. Двата народи имаат долга историска традиција, и двата народи цело време се борат за зачувување на националните интереси и слободата.

Најважната тема како што слушнавте од колегата Мицкоски, е зачленување на Македонија во ЕУ, и Унгарија како претседавач логично беше да ја стави оваа тема, и денеска беше таа тема. Ставот е добро познат на Унгарија. Многу е важна стабилноста на Западен Балкан. Зачленување на државата е огромна можност, за сите членки кои се дел од ЕУ, така и Унгарија, сите видовме дека добивме многу во напредокот на земјата, но ЕУ во меѓувреме ја загуби својата динамика, и затоа мораме да се избориме за ново проширување. Не го одминуваме ниту фактот дека Украина и Молдавија добија на некој начин вонредно забрзани постапки за зачленување. Мора да го имаме пред себе геополитички фактори, но мораме да имаме во предвид дека државите кои долго чекаат сега се во втор план, а тоа не е фер. И затоа сметаме дека е важно Западен Балкан да биде дел од ЕУ, и затоа сакаме брз процес на зачленување на Северна Македонија во ЕУ.

Народите и државите на Западен Балкан заслужуваат многу повеќе отколку што добиваат од Брисел. Северна Македонија заслужува да биде дел од ЕУ. Таа е кандидат заедно со Хрватска.

Македонија
Орбан: Уште поголема историска грешка прави Брисел што сега Македонија ја става позади Албанија на патот кон ЕУ
Автор:
Деск 4NEWS.MK
27/09/2024 13:15

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан од Охрид денеска кажа дека со премиерот Христијан Мицкоски зборувале за европската интеграција на државата. Тој кажа дека ЕУ направила веќе еднаш историска грешка со Македонија, а сега таа е двојно поголема по одлуката да ја оддели од Албанија.

ЧИТАЈ И ОВА

Една таблета пред спиење ќе ви помогне да изгубите до 15 килограми за 2 недели!
report
„Во оваа државата доаѓам во најдобар момент, во година кога имаме 30 години дипломатски односи. Двата народи имаат долга историска традиција, и двата народи цело време се борат за зачувување на националните интереси и слободата.

Најважната тема како што слушнавте од колегата Мицкоски, е зачленување на Македонија во ЕУ, и Унгарија како претседавач логично беше да ја стави оваа тема, и денеска беше таа тема. Ставот е добро познат на Унгарија. Многу е важна стабилноста на Западен Балкан. Зачленување на државата е огромна можност, за сите членки кои се дел од ЕУ, така и Унгарија, сите видовме дека добивме многу во напредокот на земјата, но ЕУ во меѓувреме ја загуби својата динамика, и затоа мораме да се избориме за ново проширување. Не го одминуваме ниту фактот дека Украина и Молдавија добија на некој начин вонредно забрзани постапки за зачленување. Мора да го имаме пред себе геополитички фактори, но мораме да имаме во предвид дека државите кои долго чекаат сега се во втор план, а тоа не е фер. И затоа сметаме дека е важно Западен Балкан да биде дел од ЕУ, и затоа сакаме брз процес на зачленување на Северна Македонија во ЕУ.

Народите и државите на Западен Балкан заслужуваат многу повеќе отколку што добиваат од Брисел. Северна Македонија заслужува да биде дел од ЕУ. Таа е кандидат заедно со Хрватска, 2008 заедно со Хрватите добија позитивно мислење, од тогаш Хрватите се членки, а со Македонија не се започнати преговорите, и таа е историска грешка на ЕУ. Но, може сега да се каже дека таа грешка е двојно поголема, затоа што Северна Македонија ќе биде ставена позади Албанија, и не гледам никакви причини за тоа. Ова ќа биде огромен предизвик за оваа влада, за да се бори со овој нечесен гест од ЕУ“, рече Орбан од Охрид.

Back to top button
Close