Орбан: Западот не е единствен околу Украина, само САД и Унгарија се залагаат за мир

Западот не е единствен по прашањето за Украина, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан на заедничка прес-конференција со американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа, додавајќи дека само американската и унгарската влада се залагаат за мир.
Орбан ги поздрави мировните напори на Трамп, додавајќи дека Брисел и Европската Унија веруваат дека Украина може да победи на фронтот, пренесе агенцијата МТИ.
Одговарајќи на новинарско прашање, унгарскиот премиер рече дека процентот на илегални мигранти во Унгарија е еднаков на нула, благодарение на „кристално јасен систем“ според кој тие мора да побараат право за влез во земјата. Според него, ЕУ, сепак, ја санкционира Унгарија бидејќи не дозволува илегални мигранти да влезат на нејзина територија.
Трамп и Орбан денеска се сретнаа во Белата куќа за да разговараат за зависноста на Унгарија од руската нафта и за можностите за јакнење на економската соработка меѓу двете земји. Ова е нивна прва билатерална средба откако Трамп се врати во Белата куќа во јануари






