Орце Ѓорѓиевски на Фејсбук блокирал скопјанка која прашала кога ќе се исчисти депонијата во нејзината населба

Жителка на скопска населба била блокирана од официјаланата Фејсбук страна на скопскиот градоначалник – Орце Ѓорѓиевски само поради коментар, пишува „СДК.мк“.

Според пишувањата, жената објавила фотографија од депонија пред нејзината зграда и поставила прашање: „Дали е можно и тој дел да биде опфатен со акцијата за чистење, со оглед на тоа што подолг временски период нема соодветно решение од надлежната Oпштина?“

Ѓорѓиевски на 8 мај годинава ја блокирал за две-три минути откако таа го поставила прашањето.

Жената на 11 мај го пријавила случајот во Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КЗСД).

Откако Комисијата побарала одговор од Ѓорѓиевски, тој сосем ја игнорирал, па таа утврдила директна дискриминација од негова страна врз блокираната скопјанка, врз основ на друго уверување во областа на јавно информирање и медиуми.

Подносителката во претставката навела дека коментарот не содржел навредлива или несоодветна содржина, туку бил насочен кон откривање на еколошки проблем, кој нејзиниот непосреден општински градоначалник го игнорирал, па затоа таа за проблемот го запознала скопскиот градоначалник Ѓорѓиевски.

Таа се пожалила дека со блокирањето на официјалната Фејсбук страна ѝ е оневозможен пристапот до информациите и до следењето на активностите на градоначалникот на Скопје.

КСЗД му препорача на градоначалникот Ѓорѓиевски да ја одблокира скопјанката, односно да ѝ овозможи пристап до неговата Фејсбук страница веднаш

Back to top button
Close