Орце Ѓорѓиевски прв, Амар Мециновиќ втор, по преброени 53% од гласовите

Според последните резултати објавени на веб-страницата на Државната изборна комисија (ДИК) до 23 часот, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, води со освоени 41,23 отсто од обработени 53% од гласовите.

Зад него се Амар Мециновиќ од Левица со 12,76 отсто, Башким Бакиу од ВЛЕН со 12,22, Каја Шукова од Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ) со 11,09 отсто и Скендер Реџепи од „Националната алијанса за Албанците“ (НАИ) со 10,98 отсто.

Back to top button
Close