Орце Ѓорѓиевски во тимот за Скопје го вклучи Гоце Станковски осуден за примање поткуп, обвини Левица

Кандидатот за градоначалник на Скопје од ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, во објава на социјалните мрежи се пофали дека во неговиот тим меѓу неколкумина професионалци бил и Гоце Станковски, кој своевремено како раководител во Министерството за транспорт и врски беше уапсен, обвинет и осуден за примање поткуп, велат од Левица.
„Во 2009 година Станковски за поткуп од 9.000 евра доби две и пол години затвор. Министер тогаш беше Миле Јанакиески, а Станковски му ветил на Скопјанец сообраќајно решение за дозвола на бензинска пумпа на патот Скопје – Велес“, посочуваат од партијата.







