Ѓорчев: Договорот со Бугарија е штетен

Поранешниот македонски амбасадор во Бугарија, Марјан Ѓорчев во гостувањето во емисијата „Што не е јасно“ изјави дека договорот за пријателство, соработка и добрососедство е проблематичен и штетен за македонските и национални интереси.

– Најнапред треба да дефинираме зошто и во каква ситуација се членовите на мешовитата експертска комисија за историски-образовни прашања од македонска страна, тие се во една ситуација помеѓу чеканот и наковална. Значи македонската влада на 1 август 2017 година претставниците на македонската влада, премиерот и министерот за надворешни работи потпишаа еден договор за пријателство, соработка и добрососедство кој што беше во најмала рака проблематичен, да не речам и штетен за македонските национални и државни интереси затоа што содржеше две основни небулозни точки – рече Ѓорчев.

Тој во текот на своето гостување ги објасни и двете небулозни точки зошто овој договор дека е штетен.

– Првиот термин беше заедничка историја и втората точка беше асиметријата во толкување на третманот на малцинствата во двете држави. Така поставен договор со две многу спорни точки ги стави членовите на историската комисија, барем од македонска страна во една многу тешка состојба и таа е погрешна политичка перцепција по системот лесно ќе биде затоа што потпишувањето на Договорот на 1 август 2017 дојде после само 2 месеци после стапување на власта на СДСМ и ДУИ – додаде тој.

Back to top button
Close