Ѓорчев: Македонија треба да се грижи за 1.609 попишани Македонци во Бугарија

Поранешниот македонски амбасадор во Бугарија, Марјан Ѓорчев во вечерашното гостување на телевизија Телма објасни што мислел кога изјави дека во однос на малцинствата, потребен е реципроцитет.

-Мислам на Декларацијата на човекови права. Бугарија по својот Устав не признава национални малцинства, но признава граѓани кои избираат да се изјаснат по својата етничка припадност. На пописот во 2011 година имаше 1.609 Македонци. Македонија треба да се грижи за тие 1.609 лица.
Ние таму имаме новина на македонски јазик Народна волја. Постои 30 години, имаме организации. Реципроцитетот треба да биде поставен така. Треба да биде двострано. Нивниот Устав не дозволува малцинствата да влезат во Уставот, но треба да бараме да се спроведат пресудите од Стразбур, да се регистрираат организациите, вели Ѓорчев.

 

Back to top button
Close