Јордан Камчев утрово повторно однесен на Клиниката за кардиологија

Јордан камчев повторно бил однесен на клиниката за кардиологија во Скопје. Според неговите бранители, тој вчера во затворот имал гушење, голема главоболка и се чувствувал многу лошо, но во КПУ затворот во Скопје во моментот немало дежурен лекар за да го прегледа и интервенира па поради сериозноста на состојбата викната е брза помош, констатирано е зголемен крвен притисок и на  Камчев му е дадена соодветна, моментална терапија.

Утрово, и покрај примената терапија од брзата помош во текот на вчерашната вечер, Јордан Камчев повторно бил во лоша здравствена состојба и со возило на брзата помош е пренесен на Клиниката за кардиологија во Скопје. По реакција на лекарскиот тим на Клиниката за кардиологија во Скопје и по стабилизирање на состојбата Камчев е вратен во КПУ затвор Скопје каде што ја издржува мерката притвор.

извор: Телма

Back to top button
Close