Џордан остави бакшиш од 10.000 евра во Грција!

Најдобриот кошаркар на сите времиња, Мајкл Џордан, во последните неколку недели е на летна турнеја во Југоисточна Европа.
Џордан прво уживаше во Јадранското Море, ги искуси Хрватска и Црна Гора, а своето патување го заврши во Грција.
Во Грција, Џордан го промовираше својот бренд со неколку ѕвезди од НБА, како што се Лука Дончиќ и Зајон Вилијамсон, а за време на престојот во оваа земја ја покажа и својата дарежливост.
Имено, за време на едно излегување во ресторан во Атина, Џордан им дал на сите вработени огромна сума пари поради готвачот кој подготвил очигледно одлична вечера.
Менито главно се базирало на морска храна и традиционални грчки вкусови, а Џордан бил воодушевен и оставил бакшиш од 10.000 евра, пишува „Jurohoops“.
За време на вечерата, Џордан одржа трогателен говор, во кој зборуваше со пофалби за Грција.
„Грција е земјата на античките богови, каде што се родиле легендарни херои и каде што концептот на величина за првпат се обликувал. Во овој клучен момент за иднината на брендот Џордан, ние црпевме инспирација од оваа извонредна земја“, рече Мајкл Џордан.