Ордановски: СДСМ потфрли во тоа што продолжи да ја партизира државата, во ВМРО ДПМНЕ автократијата е како од книга

СДСМ повеќе не е партија која може да произведе вредности, наративи и политики битни за една поинаква Македонија, вели новинарот и политички аналитичар, Сашо Ордановски во интервју за Канал 5.

Со оглед на тоа што рејтингот и поддршката кон СДСМ опадна на анкетите изминатиов период, Ордановски објаснува зошто е тоа така

Потфрлањето на СДСМ датира од време на Заев, како што големите решенија и потези потекнуваат од време на Заев. СДСМ имаат проблем со партиската структура и кадровската политика. Со Заев се внесоа некакви измени, но сепак продолжи партизацијата на државата која е најгемата храна за политичкиот систем. На тој начин се дистанцираа многу луѓе кои не беа членови на партијата – рече Ордановски.

Според него непроменети се состојбите и во опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

-Во ВМРО-ДПМНЕ е истата структура и истиот начин на одлучување како пред Груевски. Таа само поради неспособноста на СДСМ изгледа како да е заздравена. Мицкоски е се и сешто во партијата. Истото како што беше. Разликата е во тоа што СДСМ секогаш има поголем капацитет кон јавноста. Во ВМРО-ДПМНЕ имаме автократија како од книга, СДСМ тоа го немаат, или го прават трапаво. Затоа си дозволуваме вакви разговори за да ги критикуваме. Јасс и понатаму мислам дека единствената шанса на Македонија во догледен период за произведување на либерални агенди е СДСМ, само не ова СДСМ – смета Ордановски.

Во врска со борбата против корупција тој потсети дека СДСМ се залагаше кога ќе дојдат на власт јавниот обвинител ќе биде предложен од опозицијата. Ордановски прашува зошто СДСМ одби да го исполни ова ветување.

Back to top button
Close