Ордановски за комплиментот “испрдок“ од Мицковски
Во денешната колумна Ордановски на крај кусо ја искоментира квалификацијата од лидерот Христијан Мицковски во вчерашната бомба дека тој и Геровски биле испрдоци на Сашо Мијалков.
Еве што за ова напиша Ордановски:
Со оглед на неговата неспорна експертиза на полето на социо-психолошките и политичките дијагнози на лидершипот на ВМРО-ДПМНЕ, неотповикливо го овластувам Бранко Тричковски да ме застапува во јавноста по повод квалификацијата на Мицкоски дека сум (додуша, второпласиран) „испрдок“ на Сашо Мијалков.Признавам, само Тричко може да ја протолкува таа патологија.