Организациската директорка на Заводот за физикална медицина прераспределена, откако пријавила злоупотреби

Министерството за здравство соопшти дека организациската директорка на Заводот за физикална медицина и рехабилитација во Скопје, Миранда Шабани доставила до Министерството известување за одредени наводи за злоупотреби во Заводот.

Оттаму додаваат дека дописот со останатиот материјал ќе се разгледа и ќе се постапи во рамки на законот.

Што се однесува до мандатот на Шабани, на неа мандатот нема да ѝ се продолжи и ќе се прераспредели на друго работно место, појаснуваат од министерството.

 

 

Back to top button
Close