Организаторот нa геj-oргијата во Брисел открива: Унгарскиот европратеник организирал секс-забави и во својот дом
Давид Манзелеј (29), човекот кој стои зад геј оргиите на кои беше уапсен унгарскиот европарламентарец Јозеф Сајер, е доцент по економија на еден белгиски универзитет.
Секс-забавите ги организира како „полуопрофесионално хоби“ со кое планира да продолжи.
Давид не гледа ништо лошо во овие забави. Во интервју за белгискиот весник ХЛН тој вели дека „како возрасни сами одлучуваме дали ќе ризикуваме“ и дека целата организација има мошне внимателен пристап.
Тој истакнува дека не се работи за пари, туку исклучително за забава.
„Не го познавав господинот со брада. Непосредно пред забавата ми го претставија. Тој рече дека веќе подолго живее во Брисел и дека одвреме-навреме организира секс-забави и кај него дома. Немав поим дека е европарламентарец. Моите гости се од цела Европа и сите ги имам запознато низ годините преку геј заедницата. Кога се во Брисел, обично доаѓаат на моите забави.“
Една таква забава била организирана минатата недела во петокот, во станот на улица Стеенстраат во Брисел, каде што Давид живее заедно со својот партнер. Тој вели дека забавите им ги најавува на своите геј пријатели преку група на апликацијата WhatsApp, па кој има желба, ќе дојде. Оние пријатели кои ќе го потврдат присуството, можат да донесат со себе уште некого. Така е дојден и Јозеф Сајер, па на забавата биле дваесетина.
На забавите, вели Давид нема музика и не се танцува. „Станува збор за слободен секс и секој што доаѓа, доаѓа само за секс. Се практикува исклучително секс без кондом и исклучително меѓу мажи. Понекогаш имаме и женски гости, но тие може само да гледаат. Единствен услов е учесниците да немаат ХИВ и од неодамна, да се негативни на ковид… Имаме уште едно правило, а тоа е дека сите мора да бидат голи. Така беше и кога во петокот во 21:15ч, на врата ни дојде полиција. Јас бев во одвоена соба каде што имав секс, па не знам што точно се случувало во дневната соба. Како господинот Сајер успеал да се облече и пробал да избега, не знам.“
Давид е лут што полицијата влегла кај него без налог за претрес и без никаква причина. Тој вели дека не правеле бука и сигурен е дека пријавата е направена од некој негов завидлив конкурент.
„Постојано пристигнуваат хомофобни забелешки и навреди кон моите гости, на англиски, холандски и француски јазик. Но, ова нема вака да остане, ќе приложам жалба.“
Според Давид, забавата започнала во 18ч. и требало да трае до 20:30ч., точно навреме пред да започне белгискиот полициски час.
Дали е паметно вакви забави да се прават за време на корона?
„Ова се депримирачки времиња за геј заедницата, како и за оние со големи сексуални апетити. Најчесто организирам големи забави со стотици присутни во специјално изнајмени куќи за таа намена. На секои два месеци правиме по една оргија, но сега се доста намалени, како онаа минатиот петок. Сите присутни беа негативни на Ковид. Повеќето имаа прележано Корона во првиот бран.“
Тој не гледа ништо лошо во тоа што на неговата забава бил присутен европарламентарецот кој во својата татковина Унгарија јавно се залага против правата на ЛГБТИ заедницата.
„Не го знаев тоа. Јас не сум заинтересиран за политика. Секако дека е лицемерно од негова страна, но тој не е единствен. Јас потекнувам од Полска и таму мора да се декларираме против правата на хомосексуалците, затоа и избегав од таму. Претпоставувам дека тој, за да не си наштети во политичката кариера, во јавност се произнесува против правата на ЛГБТ. Не можам многу да му замерам.“
59-годишниот Унгарец Јозеф Сајер е член на строго конзервативната унгарска партија Фидез и веднаш по објавувањето на веста од страна на полицијата, си даде моментална оставка како европарламентарец.
Тоа што стана меѓународна вест, за Давид не претставува пречка и тој ќе продолжи со организација на вакви забави.
„Големите журки ќе ги оставиме за после локдаунот. Но веќе идната недела на програма имаме мала забава. Едноставно одиме понатаму.“
извор: Слободен печат