Организиран дочек во Скопје сепак ќе има, ќе настапат четири групи!

На само пет дена до новогодишниот дочек, јавноста дозна дека во Скопје, на плоштад Македонија, сепак ќе има организирана прослава со жива музика. Веста не ја соопштија од Град Скопје, туку првично се објави на страницата на бендот Нокаут.

Во објавата е истакнато дека за новогодишната ноќ на скопскиот плоштад ќе следи музичка програма, на која ќе учествуваат Сара Мејс и The Girlzz, Љубојна, Ареа и Нокаут

Настанот ќе започнел во 19.30 часот. Празнична магија во Скопје, на 31.12.204, пишува во најавата.

Инаку, Нокаут ќе одржи и предновогодишен концерт на улица Боемска, на 27-ми декември (утре), а пак Сара Мејс ќе биде дел и од новогодишната програма на Општина Охрид, и ќе настапи на 30-ти декември на охридскиот плоштад.

Освен Нокаут, никој друг од спомнатите музичари ја нема потврдено веста за настап на дочекот. Се нема огласено ниту градоначалничката Данела Арсовска.

За минатогодишниот дочек пак, вчера во јавноста следеа обвинувања за неисплатени хонорари од страна на Комората на музичката индустрија, кои се пожалија дека цела година ги чекаат средствата од Град Скопје и дека ќе тужат.

Од Град Скопје пак, порачаа дека не должат ништо на музичарите со кои не ни потпишале договори, и најавија тужба за Комората која беше организатор на новогодишниот дочек изминатите две години.

 

Back to top button
Close