Ѓорге Иванов бара да се отфрли францускиот предлог

Поранешниот претседател на државата, Ѓорге Иванов во објава на „Фејсбук“ порача дека за него е неприфатлив францускиот предлог за надминување на спорот со Бугарија и отпочнување на преговорите со ЕУ. Според него, прифаќање на предлогот ќе претставува национално предавство.

„Како поранешен претседател, кој 10 години беше сведок и силен противник на сите подли игри за разнебитувањето на Република Македонија, повикувам на отфрлање на францускиот предлог. Со вакво “решение” Република Македонија ќе биде втурната во правна, политичка и историска бездна” напиша Иванов.

Иванов додава дека човечкото достоинство и стекнатите права се црвените линии кои не смее да се преминат, а за нив, како што вели ,не се разговара и не се преговара.

Back to top button
Close