Ѓоргиевски се жали: Властите во Македонија испраќаат порака до сите Бугари дека секој го очекува ова
Претседателот на сега веќе згаснатиот бугарски клуб „Иван Михајлов“ во Битолa, Љубчо Ѓоргиевски, ќе поднесе жалба на неговата условна затворска казна од една година пред Апелациониот суд во Македонија. Тој вчера ова го соопшти во изјава за бугарските медиуми.
„Властите во Македонија испраќаат порака не само до мене, туку и до сите Бугари во Македонија. Секој што јавно изјавува дека е Бугарин го очекува ова“, истакнал тој за „Bulgaria ON Air“.
„Македонските Бугари ме поддржуваат. Медиумите молчат, како и секогаш, ме игнорираат и се обидуваат да не ме маргинализираат. Не се плашам, нема да молчам. Во моето срце го носам духот на нашите предци и гордоста што сум дел од народ кој со векови плаќал со крв за правото да се нарекува Бугар“, рекол меѓу другото Ѓоргиевски.
Македонскиот Бугарин беше обвинет за предизвикување национална и расна омраза и нетрпеливост, како и ширење расизам и ксенофобија преку компјутерски систем.
Бугарскиот клуб во Битола, во присуство на целиот бугарски државен врв беше отворен во 2022 година. Следната година беше избришан од Централниот регистар откако екс-министерот за правда Кренар Лога го потпиша решението со кое се одби барањето бугарското здружение да го користи името на Михајлов, како соработник на фашистите во Втората светска војна.