Oриѓански – Mакедонците и Aлбанcките малку се познаваат меѓу себе . Да ги надминеме предрасудите од минатото

Директорот на  Македонскиот културен центар во Тирана Златко Ориѓански  изјави дека е по изминатите десет месеци во Тирана негов заклучок е дека ,, воопшто не се познаваме, не ја знаеме историјата, културата и поврзаноста  на двете земји. Имам впечаток дека не си го познаваме менталитетот, начинот на живот, та дури и климата, храната, музиката. Една од мојте задачи овде е токму тоа, разбивање на предрасудите и сликите создадени во минатото. Факт е дека ние сме многу далеку едни од други. Македонците и Албанците од  Македонија имаат создадено некој наш заеднички менталитет, кој е тотално различен од албанскиот менталитет и живот овде во Албанија, меѓутоа, денес е 21 век, работите ке се отворат до крај и ке се случи тоа наше запознавање и соработк,, истакнува Ориѓански во интервју за албанскиот медиуми Аргументум .ал.

Тој додава дека Тирана е неверојатно убав град, отворен и широк. Градоначалникот на Тирана,  Ерион Велиај е светски човек, прошетан и образуван, преполн со нови идеи. Секој ден е активен, неговиот кабинет изгледа како да сте во некоја бајка во Милано, вози точак наместо автомобил,(јас не знам да возам автомобил, возам точак) тој ја познава сета светска музика.

Јас сум композитор, изминативе 40 години објавив девет албума, напишав музика за повеке од 50 театарски претстави работејки со режисерот Унковски, Милчин и многу други, бев дел од групата Анастасиа, ние ја пишувавме музиката за филмот ,,Пред дождот,, добитник на ,,Златниот лав во Венеција,, и номиниран за Оскар на режисерот Милчо Манчевски, подоцна отсвирев стотина концерти низ европските градови и фестивали, пишував музика за неколку значајни рекламни кампањи за мојата земја, напишав дваесетина песни со пеење за неколку познати имиња во македонската поп музика, една музика за балет, објавив два албума под името ,,Лола В. Стаин…и така натаму,

Фантастична земја, фантастични луѓе. Куба за Хемингвеј беше голема љубов, островот Хидра за Леонард Коен, Парис за Кадаре, така јас се вљубив во Тирана, нејзините гостољубиви и убави луѓе, улиците полни живот, историја и цвекиња. Кога сум надвор од Албанија и се вракам назад, на мојот шофер му велам, ајде, ајде вози побрзо, да си одиме дома.

Во овие дестина месеци, успеав да најдам стан за живеење, простор за работа. Центарот беше отворен на 10 ти јуни 2021, подоцна, направив неколку настани. Овде гостуваше женскиот квартет ,,Тринити стрингс, кој се претстави со класична и танго музика, благодарејки на Едит Пула, директор на Реа центарот и градоначалникот Ерион Велиај. Пред еден месец овде во Тирана настапи ,,Чупа,, џез состав од Скопје на фестивалот ,,JAZZ IN ALBANIA,, Допрва започнува мојата работа, да оставиме нештата да бидат радост и изненадување. Ние сме две европски земји. Денешната младост се помалку има такви граници меѓусебе, луѓето ги поминуваат границите со лични карти, ослободени од историски тежини, сакаат да се дружат и соработуваат. Не постои на светов takva култура, без да се меша со друга култура, не постојат нации и народи што не се комплекс од разно разни влијанија, мешајки се со други народи.

Во интервјуто кое доби широк публицитет во Албанија директорот на Македонскиот културниот центар во Тирана Златко Ориѓански  говори и за минатото на овие Балкански простори .,, Патем, ние многу векови сме живееле во заедничка држава, Отоманската империја, Византиската империја. Албанија е жива земја. Таа денес има пет и повеке, светски пеачки, има неверојатно жива музичка сцена, нова литература, сликарство. Луѓето се љубопитни ко деца, полни со страст да се направи нешто ново, добро и убаво. Ние можеме многу нешта заеднички да направиме. Најпрво, треба да се ослободиме од старите југословенско албански слики, таа мерка денес не важи и никој не се занимава со неа. Ако подлабоко навлезете во албанската традиционална музика, вие ке видите дека во тој дел, ние зборуваме сосем ист јазик, нашите свадби имаат сличен вкус, заплет и расплет, делиме две езера, ние сме всушност две земји, мост помеѓу она што е Источен и Западен свет, нашата предност е што и двете нешта ги содржиме, ние ја имаме во себе европската култура, истовремено и сета мистичност и тајни на истокот.. истакнува Ориѓански .

Мојата порака вели Ориѓански до двата народи е да се свртиме кон она што е живот, денес, сега и овде. Ние сме смртни луѓе, да оставиме зад нас нешто добро, убаво и возвишен.

К. Мимидиноски

Back to top button
Close