ЈОРМ: Јавниот обвинител ниту влијаел ниту можел да влијае врз одлуката на судот за „ТНТ“

Јавното обвинителство во целост ги демантира наводите изнесени во одредени медиуми кои се однесуваат на постапката во предметот во јавноста познат како „ТНТ“ и оценува дека се единствено во насока да се изврши притисок за повторно неоправдано одолговлекување на постапката.​

– Јавниот обвинител кој постапува во предметот ниту влијаел ниту можел да влијае врз одлуката на судот во поглед на текот на постапката или кривичната санкција во предметот. Судот е целосно независен при одлучувањето, а согласно Законот за кривична постапка престедателот на советот е единствено надлежен да прифати или одбие предложени докази, се вели во соопштението од ОЈО.

Од ОЈО, исто така, посочуваат дека јавноста треба да има предвид, дека во конкретниот случај станува збор за предмет за кој само судската постапка трае повеќе од три години и дека главната расправа за предметот е започната од 24.01.2018 година и досега два пати судењето започнуваше од почеток поради промена на поротник како дел од судечкиот совет.

– Пред второто враќање од почеток предметот беше веќе во фаза на завршни зборови, но по инсистирање на одбраната, која не се согласи со формално читање на записниците од расправите каде беа изведувани доказите, сите сведоци и докази беа повторно сослушувани и изведувани во повторените постапки, со што одбраната придонесе за непотребно одолговлекување на постапката. За ова Основниот кривичен суд Скопје веќе неколкупати апелираше до јавноста преку соопштенија и брифинзи како и со официјални дописи до Адвокатската комора, стои во соопштението од ОЈО.

Од ОЈО, наведуваат и дека сите услови побарани од странките во постапката, до овој момент се задоволени од страна на Судот, вклучувајќи и превод на целиот доказен материјал и сите записници на албански јазик, токму по барање адвокатот Мерџан Даути, кој застапува странка која воопшто не говори на албански јазик, како што и самата се има произнесено.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close