Ормутскиот теснец се отвора, цените на нафтата нагло се намалија
Прекинот на огнот и најавата од Иран дека клучниот Ормутскиот теснец повторно ќе биде отворен предизвикаа силна реакција на глобалните пазари, со значителен пад на цените на нафтата.

Според Скај Њуз, цената на нафтата од типот Брент паднала за повеќе од 13,5 проценти и достигнала околу 94 долари за барел, што претставува нагло олеснување по неделите на раст и неизвесност
И покрај падот, аналитичарите предупредуваат дека проблемите со снабдувањето нема веднаш да исчезнат. Производството во клучните земји од Блискиот Исток е забавено, а целосното нормализирање ќе бара време.
Во споредба со периодот пред конфликтот, цените и натаму се високи. Пред почетокот на нападите на 28 февруари, нафтата се движеше околу 72 долари за барел, додека просекот минатата година бил 69 долари. За време на кризата, цената континуирано надминуваше 110 долари.
Иако утринскиот пад се оценува како позитивен сигнал за пазарите, експертите потенцираат дека нема простор за преголем оптимизам, бидејќи ризиците од нови нарушувања во снабдувањето остануваат.






