Оровчанец за ТВ24: Избори мора да има

„Ако се посегне по разрешување на Комисијата за заразни болести, тогаш влегуваме во хаос“ изјави во Отвореното студио на ТВ 24 поранешниот министер за здравство, проф. д-р Ѓорѓи Оровчанец. Докторот смета и дека избори мора да има.

Тој вели дека ова е вториот пик од првиот бран, а не втор бран.

„Се случи олабавување на мерките со отворање на кафеаните, а ние отидовме да играме чочек, што е ненормална ситуација во оваа атмосфера. Реисот проглас крај на епидемијата и луѓето во Чаир почнаа да се олабавуваат, тие беа дефокусирани после изјавата. Исто се случи и после изјавата на владиката Агантангел“ – смета Оровчанец.

Back to top button
Close