Оружје пронајдено во напуштени магацински простории на подрачје на Гази Баба

Во напуштени магацински простории на подрачје на Гази Баба вчера полицијата пронашла 60 куршуми, 10 електрични детонаторски каписли, 11 вежбовни детонатори за рачни бомби и еден топовски удар со барут.

Како што информира денеска МВР, случајот вчера во полиција го пријавил граѓанин. Потоа интервенирале полициски службеници од СВР Скопје со Единицата за антитероризам и Единицата за службени кучиња.

Предметите се подигнати и предадени за понатамошна постапка и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Back to top button
Close