Јошитака со голем број на медали на Светското шотокан карате првенство во Софија

На првиот ден од 15 Светско шотокан првенство во Софија, Бугарија, екипата на ШКК Јошитака освои голем број на медали.
Бојан Трајкоски дојде до второто место во категоријата 7-8 години ката индивидуално, а ист пласман имаше и Стефан Митевски во категоријата 8-9 години ката индивидуално.
Борјан Маркоски и Огнен Ѓорѓевиќ, 8-9 години ката индивидуално, се најдоа на третата позиција, а екипата во состав: Бојан Трајкоски, Огнен Ѓорѓевиќ и Стефан Митевски, освои прво место и стана Светски шампиони во ката екипно.
На второ место се најде Виктор Јовановски, 10-11 години ката индивидуално, додека Јоана Георгиевска, 10-11 години ката индивидуално, дојде до третото место.

Настапи и Саша Крајчевска, која за жал не освои медал, но имаше фантастична изведба со која демонстрираше вистинска борба и желба за победа, информираа од ШКК Јошитака.
На вториот ден од првенството Ведран Ѓорѓевиќ, 12-13 години, ката индивидуално, дојде до второто место, потоа Софиа Цивкароски, 12-13 години, ката индивидуално, се најде на третата позиција, а Симона Трајкоска беше првопласирана во категоријата ветеранки 35-44 години, ката индивидуално.Свој настап имаа и Марко Коруновски, Мона Ангеловска и Симеона Митревска, сите имаа супер изведби и објавија од клубот.






