Оштетени два автомобили на вработени во штипските полиција и обвинителство

Станува збор за сериозно оштетување на каросеријата на приватните автомобили
Оштетени се две возила на вработени во Секторот за внатрешни работи-Штип и во Основното јавно обвинителство.

Портпаролката на СВР-Штип, Гордана Панајотова, за МИА ја потврди информацијата, но не открива детали за случајот.

Станува збор за сериозно оштетување на каросеријата на приватните автомобили.

Панајотова вели дека во тек е истрага за овој настан, кој е пријавен во текот на вчерашниот ден, а се случил меѓу 1 и 2 ноември. Дополнителни информации за истрагата се очекува во текот на денот.

Back to top button
Close