Оштетени лозја и овошни насади во пожарот меѓу росоманските села Рибарци и Паликура

Оштетени се лозја и овошни насади во пожарот меѓу росоманските села Рибарци и Паликура, за МИА потврдуваат од Територијалната противпожарна единица од Кавадарци.

-Горат трски и сува трева. На лице место интервенираме пет пожарникари со две противпожарни возила. Според првичните согледувања, пожарот е предизвикан од невнимателност при горење на лозови прачки, кои останале како отпад по резидбата на виновите лози. Затоа апелираме на внимателност при горење на отпадот кај нивите, велат од Противпожарната единица.

Оттаму нагласуваат дека даваат се од себе за да го локализираат пожарот

Back to top button
Close