Оштетени штедачи: Неказнивоста на криминалот произлегува од корумпираниот банкарски систем

 

 

– Како поинаку да се толкуваат информациите кои секојдневно пристигнуваат до Здружението „Правда за штедачи“, во коишто се посочуваат лица, поранешни вработени во банката, кои директно, со години, учествувале во грабежот на депозитите од ограбената банка. И за да биде уште повеќе поразително, истите тие лица сега повторно работат во истиот банкарски сектор, а некои дури и во државни финансиски институции.

Еден од нив, за кого во детали пишавме во претходните две соопштенија, е и Слободан Наумовски од Кавадарци, кој е поранешен директор на филијалата на Еуростандард банка во истиот град. Врз основа на обична меница како единствено обезбедување за земениот кредит преку неговата фирма Бартон дооел, Слободан Наумовски има земено кредит од 510 илјади евра потпишан и одобрен од Коста Костовски, претседателот на кредитниот одбор за правни и физички лица во Еуростандард банка. За околностите и условите како е земен кредитот, јасно се гледа од графичкиот приказ којшто е составен дел на ова соопштение.

Фото: Здружение на оштетени физички и правни лица на Еуростандард банка „Правда за штедачи“

Верувале или не, истиот тој Слободан Наумовски не само што не е казнет за тоа дело, туку тој сега продолжува да работи во друга финансиска институција. Се поставува прашањето, дали е тоа како резултат на корупцијата во банкарскиот систем или пак е јасен показател дека системот поставен како што е, нема можност да спречи вакви лица да слободно ги остваруваат своите криминални цели.

За погоре наведеното, уште еден доказ е и следнава информација која стигна до Здружението деновиве, а е поврзана со еден поранешен вработен на висока директорска позиција во Еуростандард банка. Се работи за Небојша Богатиновски, кој заедно со Николче Петкоски, како тим претходно работеле во друга банка, и се дојдени во Еуростандард банка најверојатно со една единствена цел. А тоа е да направат грабеж на пари од нашите депозити користејќи ја и поддршката на главниот акционер на банката Трифун Костовски и неговиот син Коста Костовски, кој како претседател на кредитниот одбор ги потпишувал сомнителните и спорни кредити. И веројатно веќе погодувате, истиот тој Небојша Богатиновски не само што досега нема поднесено одговорност заедно со сите други погоре споменати, туку напротив, продолжува да работи во финансиска институција, во овој случај државна и тоа на висока позиција во секторот за кредитирање и гаранции во Развојната банка на РСМ.

Епилогот од организираниот криминал во Еуростандард банка засега е покрадени речиси 60 милиони евра преку сомнителни и спорни кредити и оштетени преку 3.000 семејства. Притоа, сите учесници во КРИМИНАЛОТ не само што се шетаат слободно и ги трошат украдените пари, туку и продолжуваат да работат во финансискиот систем и банкарскиот сектор, често и на високи раководни позиции.

Повторно апелираме до релевантните институции во државата конечно да ги пресретнат криминалците во поранешната Еуростандард банка и да ја исправат неправдата која иситите тие институции на чело со Народната банка и првиот тим во неа им ја нанеле на 3.000 семејства, кои ги оставија на милост и немилост на криминалците во банкарскиот сектор. Решението е едноставно. Преку донесување на новото законско решение, коешто го подготвува Владата по укинувањето на член 163 став 3 од Законот за банки, за целосно обештетување на оштетените штедачи преку стечајната постапка, на начин што, во услови на светска пандемија, Фондот за осигурување на депозити ќе биде по редослед за наплата по депонентите – физички и правни лица. Како исклучок со којшто би се започнал процесот на враќање на довербата во банкарскиот систем, стои во нивното соопштение

Back to top button
Close