Оштетил претпријатие за 35 милиони денари, па доби кривична пријава

И.С. (47) од Виница доби кривична пријава од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поради сомнение за сторени две кривични дела  „злоупотреба на  службена положба и овластување“ по член  353 став 3 во врска со член 45 и „несовесно  работење во службата“ по член   353-в став 3  во врска со член 45 од Кривичниот Законик.

„Пријавениот, во периодот од 01.01.2014 до 22.11.2017, како директор на Јавното комунално претпријатие „Солидарност“ – Виница, без претходно донесена одлука на Управниот одбор и без финансиски план за начинот на користење на средствата од буџетот, од буџетот на комуналното претпријатие за репрезентации потрошил сума од 2.249.950 денари. Исто така, пријавениот во истиот период, со непреземањето на потребните мерки и активности за наплата на побарувањата, дозволил да застарат ненаплатени побарувања во износ од 32.752.532 денари“, стои во соопштението.

Пријавениот на таков начин го оштетил претпријатието за износ од 35 милиони денари

 

 

Back to top button
Close