Осман Кадриу: Оваа влада нема легитимитет пред народот и тоа го покажаа изборите

По најавената оставка на премиерот Зоран Заев, во игра се три сценарија за решавање на политичката ситуација, пишува „СП“.

 

Кога премиерот ќе даде оставка, во оставка е и цела влада по сила на Устав. Има три варијанти за решавање на ситуацијата. Најбезбедна варијанта е да се формира ново парламентарно мнозинство, да се оди со нова влада, но во рамките на овој парламентарен состав, односно да не се распишуваат нови избори.

Второто сценарио е да има предвремени парламентарни избори со техничка влада 100 дена пред избори и после изборите ќе се знае кој ќе има мнозинство.

Трета варијанта е актуелното мнозинство во парламентот да си направи влада по примерот кога Бранко Црвенковски замина од премиерската функција и на негово место дојде Хари Костов и кога и Костов поднесе оставка па беше избран Владо Бучковски за премиер. Ова по Устав е можно, ама е политичко некоректно. Оваа влада нема легитимитет пред народот и тоа го покажаа изборите. Оваа влада изгуби политичка доверба кај народот – вели за „Слободен печат“ професорот по уставно право, Осман Кадриу.

Back to top button
Close