Османи: Ако референдумското прашање не биде „дали сте против ЕУ со македонски јазик во него“ – не знам што друго би било

Шефот на дипломатијата Бујар Османи даде одговор на новинарско прашање по средбата со неговиот португалски колега Жоао Гомес Кравињо во однос на најавите за референдум од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

– Освен референдумското прашање не биде дали сте против ЕУ со македонски јазик во него – не знам за што би имало друго референдум, бидејќи сите прашања коишто за нас се важни се обезбедени со овој договор. Јазикот е чист, историските прашања не се одредници за отворање и затворање поглавја и имаме почеток на преговори. Единствено логично прашање на тој референдум би било „Дали сте за стопирање на европскиот пат на Република Северна Македонија, притоа загрозувајќи го македонскиот јазик во ЕУ? Друга причина за референдум навистина не гледам, оцени Османи.

Во одговор на прашањето дали би се почитувале резултатите од тој референдум, Османи кажа дека тоа го дефинира Уставот и законите.

– Тоа не е прашање на кое што јас треба да одговарам со да или со не, како што вели Уставот и законите тоа ќе се направи. Но, мислам дека навистина тоа прашање на референдумот треба да се каже во кој дел. Тоа значи или треба да прашате дали сте за Евроазиска унија или дали сте против ЕУ и против македонски јазик во ЕУ. Друга причина за референдум не гледам. А ако има такви причини за референдум, тоа веќе е друга дебата на која што треба да седнеме и секој да си ја објасни својата позиција. Доколку е некој за стопирање на процесот на пристапување, доколку е за нова некоја алтернатива тоа е легитимно, нека го отворат тоа прашање, граѓаните ќе кажат свое мислење. Друга причина за референдум нема, истакна Османи.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close