Османи: Чешка е подготвена за брз старт на преговорите по одобрување на европскиот предлог

Поддршката за напредокот на Северна Македонија во процесот на евроинтеграцијата беше изразена денеска во телефонскиот разговор, што министерот за надворешни работи Бујар Османи го оствари со неговиот чешки колега Јан Липавски.

Османи, како што соопшти МНР, го уверил соговорникот дека членството во Европската Унија е врвен државен интерес и првенствен надворешно-политички приоритет на Северна Македонија.

Соговорниците размениле мислења за потребата од брза и динамизирана реализација на европската перспектива на земјите од Западен Балкан со цел обезбедување стабилност, отпорност и развој на регионот на Западен Балкан во сегашниот несигурен геополитички контекст.

Липавски ја потенцирал подготвеноста за брзо организирање на првата Меѓувладина конференција, откако Северна Македонија ќе го одобри европскиот предлог.

-Двајцата соговорници ги повторија клучните аспекти од компромисниот предлог, што ја води земјава поблиску до Европската Унија, земајќи ги предвид и нашите интереси во смисла на чиста формулација на македонскиот јазик, изостанување на историските прашања во преговарачката рамка и отпочнувањето на пристапните преговори веднаш, нагласи МНР во соопштението

Back to top button
Close